| четврток, 6 декември 2018 |

Пијан пробиштипјанец нападнал полицаец со нож

Вчера во куќата на М.Ѓ. (48) на улица „Даме Груев“ во Пробиштип, по претходна пријава за тешка кражба, полициски службеник од ПС Пробиштип влегол во една од собите во куќата, при што бил нападнат со нож од  Д.Е.(33) од Пробиштип, кој му нанел телесна повреда.

Откако Д.Е. е совладан и приведен, извршено е алкотестирање и констатиран е 1,69 промил алкохол во крвта.

По увидот е констатирано дека сторителот со употреба на физичка сила насилно отворил прозорец од куќата, влегол внатре, извршил пребарување и претурање по собите од куќата.

По целосно расчистување на случајот, за Д.Е. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top