| четврток, 6 декември 2018 |

Во Росоманско отстрелани два волка

volk-455
Вчера во Росоманско била оргнизирана хајка на штетен дивеч и беа отстрелани два волка. Во акцијата учествуваа околу 35 ловци, членови на Здружението на ловци „Тиквешија“.
– Се работи за редовна хајка на штетен дивеч, која се организира веднаш по сезоната за лов на полезниот дивеч. Хајката беше одржана во ловите број 7 Росоман, во делот кај росоманското село Крушевица. Акцијата беше многу успешна. Беа најдени неколку волци, а беа отстрелани два, што е голем успех – изјави Васко Иванов, претседател на Здружението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top