| четврток, 6 декември 2018 |

Во земјава има повеќе невработени мажи отколку жени

nevraboteni-nevrabotenost-D[2]

Повеќе мажи од жени се невработени во Македонија, покажаа податоците од Анкетата на работната сила на Државниот завод за статистика за последниот квартал од 2013 година. Според податоците, гледано според пол, невработеноста е најголема кај мажите на возраст од 25 до 49 години – речиси 100.000 од нив бараат работа. Кај жените, пак, во истата возрасна група, тој број изнесува 70.661.

Во групата до 25 години, работа бараат 31.000 мажи и околу 20.000 жени. Во светски рамки, невработеноста на жените е повисока отколку таа на мажите.

Во Македонија, најкритична е стапката на невработеност на младите лица. Според Државниот завод за статистика, дури 50,3% од младите луѓе во земјава се без работа. Статистиката регистрирала вкупно 275.225 невработени лица, од кои околу 52..000 се млади луѓе на возраст до 25 години.

Вкупниот процент на невработеност во Македонија во последниот квартал од 2014 година, според Државниот завод за статистика, изнесува 28,6%, додека стапката на вработеност е 40,9%.

По сектори, најголем дел од вработените работат во преработувачката индустрија – 133.557 лица, а потоа следуваат земјоделството, трговијата и градежништвото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top