Руската економија е во криза, изјави денеска рускиот заменик-министер за економија, Сергеј Белјаков.
Белјаков во своето обраќање на една локална работна конференција истакна дека постојат „јасни знаци“ за криза на руската економија.
Според аналитичарите, руската економија трпи последици поради постојаниот пад на вредноста на рубљата, како и последици од актуелната криза во однос на Западот поради Украина.
Централната банка на Русија, која во февруари ја намали прогнозата за домашниот бруто-производ, проценува дека економијата на Русија годинава ќе оствари раст од 1,5 до 1,8 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



