| четврток, 6 декември 2018 |

Кристина: Ќе ми недостигаш, Жељко

Иако неколку пати се искара и со Емина Јаховиќ и со Жељко Јоксимовиќ, Кристина Ковач признава дека ќе ѝ недостигаат нејзините колеги од жирито на „Икс-фактор“ кога натпреварот ќе заврши.

– Мене тие искри меѓу жирито ми се слатки. Неодамна во нашиот апартман му кажав на Жељкодека кога сето тоа ќе заврши, ќе ми недостигаат тие преписки. Исто како и него, станав зависна од тие бурни размени на мислења кои се случуваа секој вторник, но претпоставувам и се надевам дека ќе има уште една сезона – вели Кристина.

Таа тврди дека расправиите со Емина нема да го загрозат пласманот на нејзината група „Доктори“

– Мислев дека медиумската војна може да ја загрози нивната позиција. Навистина ми е жал кога кој било од кандидатите на кој било начин е вовлечен во полемиките меѓу менторите – вели таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top