На веќе закажаната турнеја на Кики Лесендриќ и „Пилоти“, српскиот композитор и пејач ќе земе и дел од натпреварувачите на „Икс-фактор“.
Тројцата финалисти што ја прифатија понудата на Кики се македонскиот претставник Даниел Кајмакоски, Босанецот Маид Хечимовиќ и Александра Брковиќ, која беше дел од групата чиј ментор беше токму Лесендриќ.
– Точно е дека на едномесечната турнеја ќе ги земам и Александра, Даниел и Маид. Сите тројца натпреварувачи се автентични, имаат различен репертоар, а воедно се и одлични вокали. Кога се младите пејачи во прашање, секогаш радо им помагам на почетокот на кариерата – вели Кики.
Концертите се закажани за овој мај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.