| четврток, 6 декември 2018 |

Олимписки шампион се онесвести на целта

2014 NYC Half Marathon

Двократниот олимписки победник, Британецот Мо Фарах, се онесвести на целта на полумаратонот што се трчаше во Њујорк. Освен што колабираше на крајот, тој паднал и во текот на трката, но успеал да продолжи и на крајот завршил како втор, зад Кениецот Гофри Мутаи.

Олимпискиот шампион од целната линија беше однесен со болничка количка, а по неколку часа им се обрати на своите навивачи преку „Твитер“:

– Се чувствувам добро. Ви благодарам на грижата. Разочаран сум од пласманот. Дадов 110 проценти од своите можности. Не можев повеќе – напишал тој.

Фарах на олимписките игри во Лондон во 2012 година победи на трките на 5.000 и на 10.000 метри.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top