| четврток, 6 декември 2018 |

Александар Вучиќ извојува поубедлива победа и од Милошевиќ

-

Досегашниот потпретседател на Србија, Александар Вучиќ, и неговата Српска напредна странка (СНС) се убедливи победници на предвремените парламентарни избори во Србија со освоени 48,8 проценти од гласовите. Според процените на Центарот за слободни избори и демократија, тоа би значело дека СНС освоила повеќе од половина од пратеничките места или 158 од 250 мандати во Собранието. Српските медиуми пишуваат дека оваа победа на Вучиќ е поубедлива и од таа на Слободан Милошевиќ во 90-тите години од минатиот век.

Досегашниот премиер на Србија, Ивица Дачиќ, и неговата Социјалистичка партија освоија само 14 проценти од гласовите. Пратенички места обезбедија и Демократска странка на Драган Џилас (5,9 %) и Нова демократска странка на Борис Тадиќ  (5,7%). Неизвесно е дали партијата на поранешниот премиер и претседател Воислав Коштуница ќе обезбеди некое пратеничко место бидејќи доби поддршка од 4,1% од гласовите.

– Ви благодарам на довербата што ни ја дадовте. На големата енергија која ни ја дадовте, на најдобрите резултати во 25-годишната парламентарна историја на Србија. Сигурен сум дека често ќе се лутите, но сѐ ќе правам во интерес на граѓаните на Србија – изјави Вучиќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top