Комбинација од експолатација на неодржливите ресурси, нееднаква распределба на богатството и прекумерна потрошувачка на ресусрсите би можела да доведе до колапс на индустриското општество во рок од само неколку децении сметаат научниците на НАСА.
Научниците предупредуваат дека светот кој го познаваме и во кој живееме е осуден на пропаст и дека за само неколку децении му се заканува колапс.
Според најновото истражување кое го водел математичарот Сафа Мотешар, се наведува дека глобалната индустриска цивилизација е осудена на катастрофа, поради претераното искористување на ресурсите на земјата. Истражувањето укажува на тоа дека и добро етаблините, напредни цивилизации можат да бидат слаби и нестабилни и како пример го наведува Римското царство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.