Возачите во Париз од утре ќе можат да ги возат своите автомобили секој втор ден, бидејќи во главниот град на Франција нивото на загадување на воздухот стана многу високо.
До воведување на оваа мерка дојде поради смогот кој ја покрива француската престолнина од средината на минатата недела, јавуваат британските медиуми. Ова беше сосема доволно Владата на Франција да се реши за овој потег.
За спроведвуање на одлуката ќе бидат задолжени 700 полицајци, кои ќе вршат надзор. Тие од утре, 17 март од 5,30 часот ќе им дозволаат на возилата кои имаат непарен број на таблички да бидат вклучени во сообраќајот. Забраната се однесува и на мотоциклите, а казните се драстични.
Од минатиот петок јавниот превоз во Париз бил бесплатен четири дена во обидат да ги натераат граѓаните да не ги користат автомобилите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.