Секој еден граѓанин може да се пронајде во најмалку еден проект, а во најголем број случаи во многу повеќе проекти од еден. Жалам што опозицијата во Македонија, ниту еднаш не собра сила и не покажа доблест да поздрави и пофали ниту еден единствен проект кој го направивме. И не само што немаат сила да кажат добар збор за ниту еден наш проект, тие безочно критикуваат се што ќе направиме без разлика колку е квалитетно и на колку луѓе директно ќе помогне, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски, елаборирајќи го тригодишниот отчет за работата на Владата.
– Овој отчет содржи елаборација за како што кажав 1. 376 проекти. Денес споменав само мал дел, и сите тие проекти по сите параметри и по сите реакции носат одредена корист за народот или за определена општетстевна група од народот, за луѓето, за граѓаните во оваа држава, или за одредена општествена група. За да подобрат некои услови, за да дадат нови можности, некое покачување на примањата, некое намалување на трошоците, едноставно даваат корисност, рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии