Европската унија (ЕУ) денеска официјално го осуди одржувањето на референдумот на Крим и најави дека уште утре ќе одлучува за санкциите.
– Референдумот е нелегален и нелегитимен. Резултатите нема да бидат признати – изјави Хозе Мануел Баросо и Херман ван Ромпеј, претставниците на Европската комисија и на Европското собрание.
Во соопштението се наведува дека министрите за надворешни работи утре на заеднички состанок во Брисел ќе ја разгледуваат можноста за нови санкции, пренесе АФП.
Претходно, Белата куќа соопшт дека Русија, ако нејзиниот претседател Владимир Путин не попушти во врска со Крим, ќе се соочи со санкции од Запад.
Во меѓувреме, од Крим стигнуваат вести дека до 16 часот излегле да гласаат над 70 отсто од избирачите. Право на глас имаат еден и пол милион луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.