Претседателот на државата Ѓорге Иванов ги посети жителите на Мислешево.
Посакувајќи му добредојде на претседателот Иванов, жителите искажаа задоволство од посетата на македонскиот претседател и го запознаа со животот во овој крај.
Според локалното население, изградбата на локалниот пат од Мислешево до хотелот „Еуротел“, како и патниот правец од Мислешево до магистралниот пат М4 кој што води кон Струга, ќе има позитивно влијание врз севкупниот натамошен развој на ова населено место.
За 2014 година планирано е реновирање на подрачното основно училиште „Јосип Броз Тито“ и изградба на повеќенаменско спортско игралиште со што на учениците од ова населено место ќе им се подобри образовниот процес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево