| четврток, 6 декември 2018 |

Брисел: Македонија е лидер на Балканот во носење реформи

evropska unija

– Македонија во последните години направи сѐ за што побрзо да влезе во Европската Унија (ЕУ), така што да не можеме неуспехот да ѝ го препишуваме на Македонија и на нејзината влада. Секоја година добивате успешен извештај за приближување кон ЕУ, добри реформи во правосудството, криминалот и корупцијата. Сето тоа е попречено поради несогласувањето на една земја. Јас повеќе пати кажав дека срам ми е да гледам како европските институции реагираат под влијание на Грција и некои други земји, наместо да донесат права одлука – изјави за „Канал 5“вели европратеникот Милан Звер.

Звер за Канал 5 вели дека македонската влада покажа како треба да се работи на задачите кои ги дава Брисел.

Македонија е лидер на Балканот во носење на реформи. Според Звер срамно е што членките дадоа зелено светло за Србија а не и за Македонија. Европратеникотод Словенја вели дека по изборите во Брисел ќе се создадат подобри услови замакедонското прашање во Брисел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top