Здравството отсекогаш било приоритет, а изградбата на државната кардиохирургија е еден од најважните приоритети на македонската Влада, како и изградбата на нов, современ клинички центар во Скопје и инвестирање и реновирање на инфраструктурата на болниците.
Ова го изјави претседателот на ВМРО ДМПНЕ и премиер Никола Груевски во отчетот за работата на Владата во изминатите години.
Проектот ги опфати хируршките клиники во Скопје, Институтот за рендгенологија, Ургентниот центар, Клиниката за детски болести, Клиниката за хематологија, Клиниката за кардиологија, Клиниката за инфективни болести, Институтот за белодробни заболувања, Клиниката за психијатрија, Републичкиот завод за трансфузиологија, Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, Институтот за белодробни заболувања – Козле и Специјалната болница за гинекологија и акушерство – Чаир.
Довршени се започнатите инфраструктурни активности во болниците во Тетово, Струмица, Велес, Прилеп, Охрид, Куманово, Гевгелија, Гостивар, Кичево, Кочани, Специјалната болница Јасеново во Велес, Заводот за нефрологија во Струга, Психијатриската болница во Скопје „Бардовци” и Психијатриската болница Негорци. Реновирање на Клиничката болница Битола, Општите болници во Кичево, Струга и Гевгелија, Психијатриската болница Демир Хисар, Здравствениот дом Охрид и целосна реконструкција на Градската болница „8-ми Септември“ во Скопје.
– За зголемување на квалитетот, ефикасноста и достапноста на Службата за итна медицинска помош, набавивме вкупно 70 нови санитетски возила за итна медицинска помош. Првпат по 50 години во Република Македонија, Владата на РМ ја основа првата државна кардиохирургија, со што се решава еден повеќедецениски проблем, а првата операција треба да се случи во наредниве две до четири недели. Се започна со изградба на ПЕТ-Центарот и новиот Клинички центар во Скопје и активно продолжуваме со размена на кадри и добука на доктори. Во 2013 500 лекари и медицински персонал се обучија во здравствените светски центри, рече Груевски.
Го спомна проектот за набавка и ставање во употреба на најсовремена медицинска опрема, нови апарати за трите клинички болници во Тетово, Битола и Штип, инвестирање во реконструкција и санација на централните објекти на 34 здравствени домови од кои најголем број се постари од 50 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии