Дечиња, тинејџерки, девојки, жени… Кајмакоманија во Градски парк. Фановите на македонскиот претставник во Икс – Фактор се собраа во парк на „гратис гушкање со Кајмакоски“. Извикуваа Даниел те сакаме, скандираа, вреска… Откако тој тргна кон ТВ Сител кај Градски стадион, фановите се наредија на скалите пред телевизијата каде го чекаат Кајмакоски да излезе за да се фотографираат.
Кајмакоски на Фејсбук напиша:
Сонциња ве чекам во 14 часот во Градски парк на дружење, гушкање, сликање!!! Ве молам за смирена и опуштена атмосфера, за да можеме убаво да се видиме !!
)) ве Сакам многу и едвај чекам, кажете им на сите кои што сакаат да дојдат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.









