| четврток, 6 декември 2018 |

Нападнат официјалниот сајт за референдумот за Крим

крим
Хакери го нападнаа сајтот за референдумот за статусот на Крим во ноќта меѓу саботата и неделата, соопшти прес службата на сајтот.
– Еден час по полноќ почна нов бран DDoS напади од најнова генерација – се вели во соопштението.
Во него се додава дека експертите успеале да пронајдат од каде доаѓа нападот. Според нив, скенирањето на сајтот е вршено од универзитетот во Урбан-Шампејн во Илиноис, САД.
Во петокот хакери нападнаа интернет сајтови на руски државни структури меѓу кои и на претседателот на Русија, МНР и Централната банка. Освен тоа синоќа беа нападнати и неколку сајтови на НАТО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top