| четврток, 6 декември 2018 |

Пред една година работел на бензиска, а сега е милионер

bencardwell_16032014_facebook-700x352
Пред една година, 21-годишниот Бен Кардвел работел на бензиска станица, но не ја сакал својата работа.Поради тоа, почнал да размислува како може да заработи повеќе пари и благодарение на една добра идеја, неговиот живот се сменил вртоглаво, и тоа на подобро, пренесува Бизнис Инсајдер.

Преку страната Трејд ми, тој почнал да продава облека и електроника. Бизнисот одел бавно, па ја отворил страницата Дил Мен, на Фејсбук, со цел да може на сите да им покаже што продава. Кога продал стока во вредност од 800 долари во една ноќ, сфатил дека е на трагата на нешто добро. Многумина мислеле дека е луд, бидејќи никој не би купувал облека преку Фејсбук, но сите тие не биле во право. Страницата во краток рок доби 100.000 фанови, а пораснаа и приходите од продажбата.

Кога Фејсбук ги промени правилата за огласување, Кардвел беше приморан да плаќа за огласи со цел неговите понуди да дојдат до сите фанови на страната и тогаш продажбата буквално експлодирала.

Страната денес има повеќе од 200.000 фанови, а во декември, 2013 година, Кардвел од продажба заработи 1,1 милион долари

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top