-Владата на Република Македонија и Министерството за труд и социјална политика изминативе години континуирано превземаат конкретни мерки за намалување на социјалниот ризик и социјалната загрозеност на оние граѓани што се во реално тешка состојба – истакна министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, за време на неговото гостување во вестите на ТВ „Алфа“.
Тој истакна дека целта на активните мерки и политики за вработување, како и на новите мерки, кои пред извесно време беа промовирани, е поттикнување на вработувањето на социјално загрозените категории на граѓани.
Од друга страна, како што нагласи тој, преку зголемувањето на социјалната парична помош и социјалните трансфери што се случуваа изминатите 7 години, социјалната помош е зголемена за цели 47 %.
– Значително е намален бројот на приматели на социјална парична помош, како резултат на сите мерки за вработување и токму поради тоа сметам дека има значителен напредок во згрижувањето и поддршката што ја нуди Владата, преку најразлични мерки на овие категории на граѓани – истакна Спасов.
Спасов посочи дека од почетокот на оваа година до сега околу 310 самохрани родители на деца со пречки во развојот оствариле зголемување на паричниот надоместок.
-Би сакал да ги поттикнам сите родители кои што спаѓаат во оваа категорија да се обратат во Центрите за социјални работи да ги поднесат своите документи за да го остварат ова зголемување, кое што е и исто така значително и кое треба да им даде дополнителна поддршка во реализација на сите нивни потреби, меѓутоа и во надминување на предизвиците со кои што се соочуваат – рече Спасов.
Со измените на Законот за превоз во патниот сообраќај кои беа презентирани денеска, како што нагласи тој, се овозможува бесплатен превоз за потполно глувите и за лицата со тешка и најтешка интелектуална попреченост.
– Сакаме со оваа мерка да им го олесниме движењето, и на некој начин да им ја подобриме положбата. Потребно е само да се обратат во Националниот сојуз и да обезбедат потврда дека спаѓаат во оваа категорија. Лицата со интелектуална попреченост имаат и право на придружник, а превозниците се обврзани да им обезбедат бесплатни карти, до шест во текот на годината во два правци – истакна министерот Спасов, во вестите на „Алфа“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Цел месец им се заканувал на вработените дека ќе ги убие бидејќи му ја укинале социјалната помош
-
Поштар ограбил 58 корисници на социјална помош
-
МТСП: Корисниците да ја обноват документацијата за правата од социјалната заштита
-
Димовски: Ќе се залагаме за покачување на социјалната помош и помошта за лица со инвалидитет



