Според првичните информации од истрагата за сообраќајката во која загина директорот на фудбалската репрезентација, Петар Милошевски, а до кои дојде телевизија „Алфа“, возачот на џипот кој удри во колата на Милошевски претекнувал на полна линија и зборувал на мобилен без контрола над автомобилот.
Кумановското јавно обвинителство ја води истрата и извесно е дека во нивниот извештј ќе стои оти возачот на џипот бил под алхохол и удрил дирекно во колата на Милошевски во која тој бил совозач.
-Двете возила се во Скопје на вештачење. Се проверува брзината со која возеле, но според извори во истрагата и да возел брзо претседателот на ФФМ Ѓеоргиевски не отстапил од неговата линија.Се проверуваат и информациите дека на џипот пред да удри во пежото не му биле вклучени светлата – пренесува „Алфа“.
Милошесвки загина завчера пред полноќ, на магистралата Крива Паланка-Куманово, враќајќи се од хуманитарен натпревар. Во возилото биле и претседателот на македонската фудбалска федерација, Илчо Ѓорѓиоски кој управувал и уште двајца вработени во ФФМ. Ѓорѓиоски и двајцата сопатници минале со полесни повреди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



