| четврток, 6 декември 2018 |

Попоски: Имаме причина да бидеме загрижени

Имаме причина да бидеме загрижени, особено со оглед на фактот дека најголемата опозициска партија не испрати порака дека ја става европската агенда на земјата на повисоко ниво отколку личните агенди и аспирации.  Јас се надевам дека сите инструменти ќе можеме да ги искористиме за да имаме придвижување во позитивна насока, изјави министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Оваа изјава, како што јави Радио Слободна Европа, Попоски ја дал како одговар на новинарско прашање во врска со писмото од меѓународната заедница во кое се изразува загриженост за состојбата во земјата.

– Од сите оние пораки кои ги слушнавме изминатиот период од европските претставници и од меѓународната заедница е дека не смее да се игнорираат институциите, дека во демократија различностите меѓу ставовите се изразуваат во рамки на институциите и дека не постои никакво оправдување за бојкот на изборен процес. Во овој случај имаме редовни локални избори и не можеме да наидеме на разбирање за каков било бојкот на таков изборен процес, кој е предвиден согласно онаа демократска агенда која ја имаме за организирање локални избори. Сметам дека тие се клучните пораки – рече Попоски по средбата со црногорскиот вицепремиер и министер за надворешни работи и евроинтеграгија Игор Лукшиќ.

 

Според него, пораките се јасни и тие не оправдуваат бојкот на локалните избори. Тој рече дека треба да бидеме загрижени бидејќи се работи за загрозување на нашата европска агенда поради неодговорно однесување, но смета дека секој треба да ја сноси одговорноста за тоа како се однесува и дали е во согласност со тоа што е воспоставена европска норма.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top