| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов во посета на тетовските села Лешок, Јегуновце и Непроштено

Во рамки на престојот во Тетовско, претседателот Ѓорге Иванов денес ги посети жителите од селата Лешок, Јегуновце и  Непроштено.

ivanov-lesok3-500

Во разговорите со македонскиот претседател жителите на Лешок го запознаа со животот во селото и посочија предлози кои би придонеле за напредок и развој на ова место, а како таков ја оценија и реконструкцијата на локалниот пат кон село Лешок.

Локалните власти како крупен проект ја издвоија започната изградбата на првата мала хидроцентрала во општина Теарце каде што припаѓа и селото Лешок, од вкупно планираните седум во кои ќе се инвестираат над 22 милиони евра во наредните години.

Претседателот Иванов, во рамки на посетата на село Лешок го посети и Лешочкиот манастирски комплекс и Специјалната болница за белодробни заболувања и ТБЦ – Лешок.

На средбата со жителите на Јегуновце, македонскиот претседател беше информиран за инфраструктурните проекти и тековните активности што се реализираат во овој крај.

Локалните власти посочија дека се извршени повеќе инфраструктурни зафати во изминатиов период и ги издвоија реконструкцијата на локалниот пат с. Нераште – с. Јегуновце, рехабилитацијата на регионалниот пат Тетово – Јажинце, санирање на ударните дупки на регионалниот патен правец Желино – Јегуновце, кои претставуваа опасност по безбедноста во сообраќајот, како и обновата на регионалниот пат во општина Јегуновце.

ivanov-neprosteno1-500

Жителите на тетовско Непроштено, пак, посакувајќи му добредојде на претседателот, жителите искажаа задоволство од посетата на Иванов и го запознаа со животот во селото.

Локалното население, чие главно занимање е одгледување на земјоделски култури, изрази поддршка за владините земјоделски политики и исплатата на субвенциите.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top