Како најава на планинарската сезона во Македонија, утре ќе се одржи традиционалниот, осумнаесетти „Марш на Матка“.
Стартот е од ресторанот „Манастирска пештера“ (некогашна „Мечкина дупка“), во 10:05 часот, а првите педесетмина што ќе пристигнат на Петров Камен, односно Свети Спас, ќе добијат по една книга од книжевната ризница на издавачката куќа „Матица македонска“.
Организатори на маршот се Планинарскиот клуб „Видици“ и Граѓанската асоцијација за рекреативно движење – ГАРД, помогнати од „Неоком“, „Алкалоид“ и „Датинг“, а кон поддржувачите се придружија и Федерацијата на планинарските спортови, познатите планинарски друштва „Кораб“ и „Трансверзалец“, како и Скопско туристичко лето.
Маршот е поддржан и од Македонската радио-телевизија, општината Сарај, од одборите на црквата „Св. Злата Мегленска“ од Сарај, Манастирот „Св. Богородица“ и Здружението на љубителите на Свети Спас од Матка, како и, во годината на полнолетството, од Меѓународната асоцијација ИСЦА. Воедно е вклучен и во перманентната акција „Now we move“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


