Сите жители на земји кои не се членки на ЕУ по легален пат можат да добијат европско државјанство во Бугарија за сума од 150.000 британски фунти, наведува лондонскиот весник „Дејли Телеграф“.
До ваквото сознание дошле двајца репотери на весникот, кои лажно се претставиле како застапници на индиски бизнисмен заинтересиран за добивање на државјанство на Бугарија, со што автоматски се стекнува и жителство на ЕУ.
– Оваа шема што се применува во Бугарија им овозможува на неевропски граѓани да купат државјанство на ЕУ, со што потоа можат да дојдат да живеат и да работат во Велика Британија. Дури и лица со криминално минато, можат да дојдат до бугарско државјанство, наведува весникот.
Двајцате репортери на „Дејли Телеграф“ распрашувајќи се за процедурата дознале дека странец може да добие бугарски пасош дури и ако не живее или работи во Бугарија, а доволно е само да имаа одредена сума пари.
– Заинтересираните можат само да ја посетат Бугарија и за два дена да станат европски граѓани. Ваквата шема е воспоставена молчешкум само неколку недели пред истекот на забраната за работа на Бугарите во ЕУ на 1 јануари 2014 година, наведива „Дејли Телеграф“, додвајќи дека се претпоставува оти на ваков начин стотици „не-Европејци“ веќе добиле европско жителство.
Весникот посочува дека постојат компании кои посредуваат во добивањето бугарски пасоши и како пример ја неведува фирмата „Артон Кепитал“, која имала свои претставништва во Софија, Лондон и Дубаи.
Според заменик-директорот на „Артон Кепитал“, Милан Керемедчиев, чии изјави ги пренесува „Дејли Телеграф“, постојат три начини за стекнување бугарски пасош. Според првиот, апликантот треба да депонира 425.000 британски фунти во некоја бугарска банка и по шест месеци добива право за времен престој во Бугарија. По пет години тој има право на бугарско државјнаство и може да ги повлече парите од банката.
Вториот начин, според Керемедчиев, е кандидатот да земе кредит од 425.000 фунти од некоја бугарска банка, за што ќе плати камата од околу 150.000 фунти и по истата постапка како и во првата варијанта по пет години ќе има право на државјанство на Бугарија.
Третата варијанти предвидува заинтересираните странци да платат околу 235.000 фунти, по што по скратена постапка добиваат бугарско државјанство во рок од две години.
Според Керемедчиев, клиентите на неговата компанија во најголем дел се решаваат за втората варијанта.
– Кога ќе станете бугарски државјанин ги имате сите права на европски граѓанин. Може да живеет, да учите, да работите и да се населите каде сакате во ЕУ. Кога кандидатот ќе добие бугарско државјанство, по три месеци и неговите деца можат да аплицираа и да добијат бугарски пасош врз основа на тоа што еден од родителите им е Бугарин, наведува Керемедчиев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


