| четврток, 6 декември 2018 |

Трилатерална средба Јосиповиќ, Фишер и Пахор

PXL_090731_563Претседателите на Хрватска, Австрија и Словенија Иво Јосиповиќ, Хајнц Фишер и Борут Пахор в понеделник ќе се сретнат во Виена околу актуелната ситуација во Украина, процесот на проширување на Европската унија, регионалната соработка и прашања поврзани со 100-годишнината од почетокот на Првата светска војна.

Тоа ќе биде прва од нивните тристрани средби. Тројцата претседатели минатата година договорија еднаш годишно да имаат неформални тристрани средби на кои ќе се разговара за политичката, економската, културната и друга соработка во регионот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top