Работнички го совлада Кожув со 72:67 со што се зацврстија на првото место во Првата македонска кошаркарска лига.
Кошаркарите на Работнички постојано ја имаа контролата над резултатот, а на 106 секунди до крајот Кожув првпат успеа да го израмни резултатот на 63:63.
Работнички сега е осамен на врвот со една победа повеќе од вечерашниот ривал Кожув.
Во сабота ќе играат Фени Индустри – Карпош Соколи, Куманово – Лирија, додека во недела Вардар Апаве – Струмица.
Бодовното салдо на табелата е следно Работнички 29 бодови, Кожув 27, Лирија 25, Куманово 23, Струмица 21, Фени Индустри 19, Вардар Апаве 18, Карпош Соколи 17 и Пелистер Спорт 15 бодови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.