Со висококвалитетно вино, во фантастична клупска атмосфера, минатата ноќ во лоби-барот на ресторанот „Језеро“ во Белград, 150 пријатели на винарската визба „Стоби“ уживаа во живо на настапите на суперфиналистите на „Икс-фактор“.

Кики Лесандриќ, Тамара Милановиќ, Даниел Кајмакоски и Лукијан Ивановиќ ги пееја најголемите поп и рок-хитови на домашни и на меѓународни ѕвезди како „Ју ту“, Адел, Тоше Проески, Жељко Јоксимовиќ , Филм, Ријана и Емели Санде.

– Супер се чувствувам овде. Сакам ваков тип забави во интимна атмосфера, со добро вино и со вкусна храна. Не поддржувам консумирање алкохол во големи количини, но понекогаш сакам да се напијам чашка квалитетно бело вино – изјави Тамара Милановиќ, суперфиналистка на „Икс-фактор“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


