Словенците не седат мирни. Над 3.500 граѓани се собраа вечерва да се бунтуваат против словенечката елита.
Новите протести ги нарекоа „Второ сесловенечко востание“. Протестот е организиран со помош на социјалната мрежа Фејсбук. Првиот протест се одржа на 21 декември минатата година, но не беше мирен туку заврши со жестоки судири со полицијата.
Демонстрантите тврдат дека извештајот на антикорупциската комисија, во кој се нагласува дека премиерот на Словенија, Јанез Јанша и градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ не ја пријавиле имотната состојба е дополнителен поттик за нивното незадоволство. Учесниците во протестот, најавија дека овојпат ќе избегнуваат насилство. Најавија и формирање „Нов ослободителе фронт на словенечкиот народ“. Се бараат оставки од премиерот Јанез Јанша и целата Влада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Се судрија германски националисти и про-имигрантски групи во градот Хемниц: Девет лица се повредени
-
Се протестира во Молдавија за обединување со Романија


