| четврток, 6 декември 2018 |

Украл чанта полна со накит вреден 10.000 евра

ПС Гостивар поднесе кривична пријава за А.Ј.(23) од Албанија за сторено кривично дело тешка кражба на дрзок начин.

Пред точно десет дена, на 4 март, околу 19.25 часот на улица „Мајор Чеде Филиповски“, пред влезот за дијализа во Медицински центар Гостивар, насилно ѝ ја одзел чантата на В.С.(55) во која имало златен накит во вредност од 600.000 денари.

Инаку, по направените проверки е утврдено дека А.Ј. незаконски престојувал на подрачјето на Гостивар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top