| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓорге Иванов: „Фејсбук“ кампања и водење држава не е исто

ivanov

 

По пет години на претседателската функција, поранешниот професор повторно влегува во изборна кампања. Најголеми адути му се огромниот процент граѓани што сметаат дека е чесен политичар, цврстата позиција за таканаречените идентитетски прашања и принципиелниот остар став кон сите што не ги почитуваат македонскиот јазик и нација. Не сака да одговори на нападите од најголемиот политички противник Стево Пендаровски, кој остро го нападна откако беше избран на конгресот на СДСМ. Делата нека говорат за него, малку како на шега вели Иванов. Ги почитува сите противкандидати, но уверен е дека постојаното критикување од страна без да се сработи ништо, скапата кампања на „Фејсбук“, договорот со Ахмети и додворувањето кон странците и кон Црвенковски не може да доведат никого до претседателската позиција.

(Интервјуто со претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов прочитајте го во новиот број на неделникот Република кој е во продажба од денеска, 14 март)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top