| четврток, 6 декември 2018 |

Фернандо Алонсо најбрз на тренингот

Возачот на Ферари Фернандо Алонсо беше најбрз во петокот на првиот тренениг во пресрет на големиот шампионат во Формула 1 за Големата награда на Австралија во Мелбурн, а најдобро време на вториот тренинг оствари возачот на Мерцедес Луис Хамилтон.

Алонсо за време на првиот тренинг оствари време од 1 минута и 31 секунда, а зад него беа Џенсон Батон од Мекларен и Валтер Ботас од Вилијамс.

Четирикратниот шампион Себастијан Фетел од Ред Бул го зазема седмото место, додека Луис Хамилтон не беше во пласманот поради неисправен сензор за гориво.

Возачите на Мерцедес доминираа за време на вториот тренинг. Хамилтон беше прв со резултат од 1 минута и 29 секунди, а неговиот клупски колега го зазема второто место, додека Алонсо беше трет.

Трката за Големата награда на Австралија е закажана во недела во 7 часот наутро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top