Одборот на извршни директори на Светската банка го одобри Вториот програмски заем за развојнa политикa за конкурентност во износ од 36,4 милиони евра за Република Македонија со цел да се засили конкурентноста на економијата на Република Македонија преку поддржување инвестиции и надградба на технологијата во секторите индустрија, агробизнис и трговска логистика, и создавање услови за зголемување на приспособливоста на пазарот на трудот и капацитетот за иновации.
– Подобрувањето на конкурентноста и условите за развој на локалните компании е неопходно за Република Македонија да се стави на патеката на одржлив пораст, да се создадат повеќе и подобри работни места, и да се промовира заеднички просперитет – вели Татјана Проскурјакова, директорката на канцеларијата на Светска банка во Република Македонија.
Новите програми за поддршка на извозниците придонесуваат во насока на унапредување и на надградување на индустриите со силен потенцијал за извоз. Во секторот агробизнис, промоцијата на програмата за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост ќе доведе до подобро користење на земјишните ресурси и влез на нови странски и домашни фирми на пазарот. Во областа на трговската логистика, сеопфатните подобрувања во однос на пристапот базиран на ризик на царинските контроли и техничките инспекции во согласност со најдобрите практики на ЕУ ќе ја подобри ефикасноста на контролите на трговијата со стока.
Се воспоставува и „Фонд за иновации и за технолошки развој“ за поттикнување на иновативноста на приватниот сектор преку дотации за кофинансирање, како и други финансиски инструменти.
– За подигнување на долгорочниот економски развој потребно е властите да се соочат со структурните ограничувања во главните сектори на економијата – вели Џон Габриел Годард, виш економист во секторот на Светската банка за развој на финансискиот и приватниот сектор во регионот на Европа и централна Азија (ЕЦА) и лидер на проектниот тим.
Според него, идниот пораст во извозно ориентираното производство ќе зависи од привлекувањето инвестиции во сегментите со високо ниво на додадена вредност и побрза интеграција во глобалните синџири на снабдување. Реформите што се спроведени во рамките на ДПЛ2 ќе придонесат за унапредување на оваа цел, а ќе овозможат и преструктуирање на секторот агробизнис, ќе ја подобрат ефикасноста на трговската логистика и ќе ја поттикнат флексибилноста на пазарот на трудот и капацитет за иновации.
Со оглед на претстојните претседателски и парламентарни избори во Република Македонија, со Владата е договорено договорот за заем да се потпише и средствата од заемот да се исплатат по завршувањето на изборниот процес во земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Владата ја испрати ќерка му на Таки Фити како претставник на Македонија во Светска банка
-
Светска банка вели дека гастербајтерите праќаат сè помалку кеш во Македонија – еве зошто
-
После галопирачкиот раст на економијата претходните години, Македонија лани немала никаков раст
-
СБ прогнозира 2,7 отсто раст на глобалната економија оваа година