Иако математиката, веројатно, е најлошата работа кога љубoвта е во прашање, истражувањето во кое учествувале 2.000 лица во врска за тоа зошто врските траат толку колку што траат, дошло до равенка која ни дава формула за љубов.
Научниците дошле до следнава формула:
L = 8 + .5Y – .2P + .9Hm + .3Mf + J – .3G – .5(Sm – Sf)2 + I + 1.5C
Еве го и значењето:
L – предвидена должина на годините во врска
Y – број на години кои лицата се познавале пред врската да стане сериозна
P – број на партнери кои лицата ги имале, собран
Hm – важноста која машкиот партнер ја дава на искреноста во врската
Mf – важноста која женскиот партнер ја дава на парите во врската
J – важноста која двата партнера ја даваат на хуморот
G – важноста која двата партнера ја даваат на изгледот
Sm i Sf – важноста која мажот и жената ја даваат на сексот
I – важноста партнерот да има добри родители
C – важноста на имање деца во врската
Секоја од овие варијабли се рангира од 1 до 5 – од не е важно до многу е важно. Доколку лицата се потполно умерени во сѐ и даваат просечна оценка 3, тогаш врската ќе трае 22,1 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.