Македонскиот ракометен шампион и сериозен кандидат за освојување на европската круна, ЖРК Вардар, продолжува со задржувањето на клучните играчи од оваа сезона. По продолжувањето на договорите со неколку стандардни ракометарки, денеска го продолжи договорот и со шпанската репрезентативка Бегоња Фернандез на уште една година. Фернандез е една од подобри ракометарки во составот на Индира Кастратовиќ, која подеднакво добро игра во одбраната и во нападот.
Со потпишувањето на Фернандез и на Германката Алтхаус, вардарки го комплетираа двоецот на пивотменки за следната сезона. Ана Ѓокиќ, која успешно настапува на истата позиција, најави завршување на кариерата по оваа сезона.
Бегоња Фернандез е една од најдобрите играчи на оваа позиција во светот. Таа на ЕП 2008 година беше прогласена за најдобар пивот во Европа, а една година подоцна на СП во Кина се најде во иделаниот состав на првенството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент