Во рамките од 10 коло од топ16 фазата од кошаркарската Евролига Баерн Минхен на домашен паркет го совлада големиот ривал Реал Мадрид со 85-83. Мечот беше изедначен во текот на сите 40 минути, а во финишот подобро се снајдоа кошаркарите на Светислав Пешиќ кој реализираа неколку напади во серија. Најдобри во победничкиот состав беа Нихад Џедовиќ со 21 и Малколм Дилејни со 20 поени. Кај „кралевите“ се истакна Серхио Родригес со 18 коша. Со оваа победа Баерн ги задржа шансите за четвртфинале со пет победи и порази, додека Реал е сигурен на второто место со осум победи и два порази. Лидер на табелата во групата ЦСКА Москва со само еден пораз од десет натпревари.
ЦСКА во десетото коло повторно го торпедираше тимот на Партизан со 32 коша разлика (84-52). Белграѓани беа рамноправен противник само во првата четвртина (16-15). Во останатиот дел од натпреварот ЦСКА го диктираше темпото и ги доби сите останати четвртини. Иако во составот московјани недстасуваше Милош Теодосиќ поради повреда, тоа не се почуствува на теренот. Најефикасен кај ЦСКА беа Саша Каун и Виталиј Фридзон со 13 поени. Кај Партизан се истакна францускиот кошаркар Жофри Ловрењ со 17 поени и пет скока.
Резултати:
ЦСКА Москва – Партизан 84-52, Баерн Минхен – Реал Мадрид 85-83, Фенребахче – Уникаха 69-67, Макаби – Жалгирис 77-67, Лаборал Куча – Армани Милано 65-83.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
Животната приказна на нашиот центар: Антиќ во центарот на вниманието на Евролигата (видео)