| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсена екс секретарка на Берлускони со 24 килограми кокаин

cocaine_2362725b

Италијанската полиција денеска ја уапси Федерика Галјарди, жена што се претставувала како секретарка на поранешниот премиер Силвио Берлускони на два меѓународни самити во Канада во 2010 година, под сомнение за шверц на 24 килограми кокаин на лет од Венецуела.

Галјарди, која има 30-тина години, е приведена на римскиот аеродром Фјумичино, непосредно по пристигнувањето од Каракас, откако во нејзиниот багаж е откриен кокаин, соопшти портпаролот на финансиската полиција.

Според италијанските медиуми 24 килограми чист кокаин, на улица може да достигне цена од околу 6,7 милиони евра. Галјарди, италијанските медиуми, ја нарекоа „бела дама“ опишувајќи ја како мистериозна соработничка на Берлускони

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top