Постојат парчиња гардероба кои не се простливи и за мажите. Овие три кошули секој маж мора да ги има:
-Кошула во пруги
Пругите го покажуваат вашиот стил и карактеристики. Можете да изберете со тесни или широки пруги, неутрални или јаки бои…
Класичната кошула од овој тип има танки пруги со неутрални бои како сива или плава. Идеална е за во канцеларија, било со одело или со фармерки. Во комбинација со џемпер изгледа прекрасно. Класична кошула со тенки пруги е незаменлива речиси за секоја пригода. Без разлика на бојата на пругите, доколку се тенки не можете да погрешите во изборот.
– Бела кошула
Белата кошула можете да ја комбинирате со буквално се’. Ако се работи за свечeна пригода комбинирајте ја со црно одело и црна вратоврска. Бела вратоврска на бела кошула е дозволено ако сте на свадба на која вие сте младоженецот.
Секако дека би требало да имате барем една бела кошула во вашите алишта. Белата кошула е класично парче кое секогаш изгледа елегантно и добро. Последните неколку години токму белата кошула е повторно хит кога се работи за “ин” изглед.
– Кошула во една боја
Еднобојната кошула дава свежина на секое одело, а и на класични фармерки.
Црна кошула добро одговара со темно сиво одело или со фармерки кои имаат елегантна линија.
На ваквите кошули вратоврската и не е баш потребна, само би придонела да се изгуби кошулата под оделото.Во вашиот плакар морате да имате неколку кошули кои се еднобојни. Лесно се комбинираат со маици, лежерни алишта за кафе, па и за свечeни моменти.
Предноста на еднобојните кошули е што го нагласуваат оделото без никакви додатоци. Секако дека ќе оставите впечаток
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.