| четврток, 6 декември 2018 |

Колку долго некои жени можат да издржат без секс

Истражувањето кое беше спроведено од веб-страницата „Семеен круг“ покажа дека дури 32 проценти од испитаните жени и мајки немале сексуални односи по неколку години.

Во електронската анкета учествувале 553 жени од различни возрасти и со минимум едно дете.

На прашањето кога последен пат воделе љубов, 36 проценти од нив изјавиле дека поминале неколку месеци од последниот пат, за 27 проценти поминале само неколку недели, а само 5 проценти од нив последен пат воделе љубов неколку дена пред да одговорат на анкетата.

Експертите предупредуваат дека иако пренатрупаниот распоред го попречува уживањето во физичка активност, толку големи паузи можат да влијаат лошо, не само врз вашиот однос со партнерот, туку и врз расположението, што би резултирало и со нарушено здравје. Ова неодамна беше потврдено од страна на едно британско истражување, според кое секс најмалку еднаш неделно е клучот за среќен брак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top