| четврток, 6 декември 2018 |

Моника Белучи ја крена Москва на нозе

Вчеравечер, актерката, модел и муза на модното дуо Долче и Габана, Моника Белучи, пристигна во Москва по повод промоцијата на новата козметичка линија кармини „Classic Cream Lipstick“  и парфем, кое се случи на отворањето од новата парфимерија и козметички салон на Долче и Габана во руската престолнина. Сензуална и сексапилна, како и секогаш, Белучи се појави облечена во елегантен црн фустан со должина под колена, надополнет со црно крзнено болеро.

DSC_5716

Пред доаѓањето на славната Белучи се собраа многу обожаватели кои го окупираа просторот во редици чекајќи автограм од убавата актерка. По завршувањето на промоцијата, Белучи им излезе и во пресрет на новинарските екипи со кои разговараше на тема мода, филм и машки свет.

DSC_5881

– Најпрво, јас сум пријател со Доменико и Стефано многу години. Во 1989 година за првпат ме забележаа само како млад италијански модел. Поминаа години, јас се променив, но тие сѐ уште сакаат да учествувам на промоции, да бидам нивното лице на марката. Тоа е многу емотивно за мене – вели Моника.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top