Рускиот претседател Владимир Путин по говорот на германската канцеларка Ангела Меркел се сретна со параолимписката делегација во Сочи и рекол дека Русија не ја иницирала кризата во Украина.
– Ви благодарам што Параолимписките зимски олимписки игри ги држевте надвор од политиката. Непријатните околности, кои сите ги знаете, не влијаеја на Игрите. Само би сакал да нагласам дека Русија не ги поттикна, ниту ги иницираше тие околности – порачал Путин.
Заменикот на рускиот министер за стопанство, Алексеј Лихачек, изјавил во Москва дека Русија ќе воведе симетрични санкции за Европската унија доколку таа одлучи да ѝ воведе било какви санкции.
– Подговтвени сме за секаква можност. Еднакво ќе одговориме – рекол Лихачек.
Организацијата за економска соработка и развој (OECD) соопшти дека ги одложува сите активности врзани за преговорите со Русија за пристап на таа организација. Членките на OECD одлучиле да ја зголемат соработката со Украина, се наведува во соопштението на седиштето на организацијата во Париз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


