Еден рудар загина откако бил затрупан при одрон на земја во рудникот за боксит „Јајце“ во Босна и Херцеговина.
Инцидентот се случил на длабочина од околу 200 метри под површината на земјата во момент кога загинатиот рудар поставувал експлозив.
Неговиот колега кој се наоѓал во близина останал без повреди.
Несреќата се случила во вторникот, а во текот на вчерашниот ден во рудникот бил извршен увид од страна на обвинител и полиција, во соработка со федерален рударски инспектор.
Полицијата засега не може да потврди како дошло до уривање на рударската јама.
Ова е втора несреќа во последните 15 години откако повторно е почнато производството во рудниците за боксит „Јајце“, каде што се вработени 160 работници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.