| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска е Светски ден на бубрегот

bubreg

Денеска е Светскиот ден на бубрегот и пораката која ќе ја испрати Здруженито на бубрежноболни граѓани „Нефрон“ е – „Хронична бубрежна болест (ХББ) е честа, тешка болест, но може да се лекува!“

Светскиот ден на бубрегот се одбележува на вториот четврток од  март, во повеќе од 150 земји во светот. Одбележувањето годинава е на тема „Хроничната бубрежна болест и стареењето“.

Според податоците со кои располагаат здруженијата, 10 проценти од населението во светот има некоја форма на ХББ. Доколку се превенира, рано се открие и соодветно се следи и лекува, може да ја забави прогресијата на болеста до краен стадиум кој неопходно бара лекување со дијализа или трансплантација.

Во Македонија, Светскиот ден на бубрегот ќе се одбележи по деветти пат. Светскиот ден на бубрегот е настан инициран од големите светски асоцијации Интернационалната федерација на бубрежни фондации (ИФКФ) и Меѓународната асоцијација на нефролози (ИСН).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top