
Сончевото време продолжува и во четврток. Повторно ќе дува претежно слаб, а локално на моменти умерен северозападен ветер во источните делови од земјата, а во западните ветерот ќе биде слаб, претежно од североисток. Ветерот ќе се „смири“ во пладневните часови.
Според метеопро.мк, дневниот максимум ќе достигне вредност во границите помеѓу 13 Целзиусови степени и 16 Целзиусови степени во поголем дел од населените места. Само малку потопло, до максимални 19 Целзиусови степени, ќе биде во гевгелискиот регион.
Во Скопје се очекува сончево време со претежно слаб, само на моменти до умерен ветер од северозападен правец во утринските часови, а потоа ветерот ќе биде сосема слаб. Минималната температура ќе има вредност околу -3 Целзиусови степени, а максималната околу 17 Целзиусови степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


