Започна исплатата на повисока минимална плата. Наместо 8050 денари, минималната плата за овој месец ќе изнесува 8.800 денари. Ова зголемување ќе го подорби стандардот на 65.000 работници.
Минималната плата ќе расте етапнo.
До 2016 треба да изнесува 10.080 денари. Во текстилната и кожарската индустрија ќе има дополнителни две години за приспособување на платите со другите дејности.
Март 2014 година- 8.050-8.800 денари
Март 2015 година- 8.800- 9.590 денари
Март 2016 година -9.590- 10.080 денари
Македонија за прв пат во 2011 година донесе закон за минимална плата Во 2012 кога износот од 8.050 денари почна да се применува, зголемување на платите добија сите работници кои имаа месечни примања од 4 до 5 илјади денари. Со зголемувањето на минималецот овие работници добија покачување на платите и до 90 отсто.
)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.