| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата ја испразни зградата на „Фејсбук“

Полицијата вчера влегла во компанијата „Фејсбук“ и ја испразниле целата зграда. Се истражува пријавата за лажна дојава за бомба, а полицијата не сакала да открие повеќе детали околу тоа.

Седиштето на компанијата „Фејсбук“ во Менло Парк вчера повторно беше во фокусот на јавноста. Не поради наглиот раст на акциите туку поради упадот на полицијата.

Полицијата стигнала во „Фејсбук“ во 19 часот и ја испразниле целата зграда откако добиле дојава за бомба, пренесува „Фокс“.

Извршениот претрес покажал дека пријавата е лажна, па така вработените кој работеле во ноќна смена можеле повторно да се вратат на работа.

Полицијата се уште ја истражува лажната дојава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top