| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски планинари ќе ги искачуваат Алпите

Димитри Димитров од Алпинистичкиот клуб „Патагонија“ – Охрид и уште тројца членови на Алпинистичкиот клуб „Матка“ од Скопје, почнаа да ги реализираат подготовките за акцијата „Малтатал – Австрија“, каде што ќе се стремат да ги искачат Алпите

alpinisti2
Се очекува да се подготват што поголем број алпинисти за качување на мраз, за подоцна дополнително да бидат подготвени за посериозни искачувања, за време на летниот период на Алпите под врвот Монт Блан.
alpinisti
Подготовките за искачувањето на Алпите ќе се одржат во централноисточните Алпи, Австрија, каде што реката Малта тече по долината Малтатал и долината е развиена во врвен центар за искачување на мраз.
alpinisti1
Центарот нуди одлични можности за секој алпинист, без разлика дали е почетник или експерт. Замрзнатите водопади се лесно достапни  и се безбедни од лавини при нормални снежни услови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top