Македонскиот филм „Балканот не е мртов” на режисерот Александар Поповски, се прикажуваше на фестивалот БаНеФФ во Стокхолм, Шведска. Како што соопштуваат од „Кино око“, поради големиот интерес филмот „Балканот не е мртов” ќе се прикажува и во други градови во Шведска, како и во Осло, Норвешка.
Филмот ќе се прикажува и на територијата поранешните југословенските републики преку дистрибутерската компанија ЕУРОФИЛМ од Белград, Србија која ги откупи кино и телевизиските права за негово прикажување.
Филмот е копродукција меѓу „Кино око“ и „А Аталанта“ од Словенија. Главните улоги во филмот ги толкуваат: Никола Ристановски, Драгана Костадиновска, Јордан Симонов, Никола Ацески и Раде Шербеџија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Филмот „Очите на фотографката“ ќе го отвори третото издание на фестивалот „Богородичен покров“
-
Прв фестивал на нов европски филм: „Beach film festival“ на плажата „Оревче“ од 19-22 јули
-
Хироказу Коре- Еда ја освои „Златната палма“ на Канскиот фестивал
-
Филмот „Види ја ти неа“ во официјална програма на фестивалот во Клермон, Франција