| четврток, 6 декември 2018 |

Анчелоти заинтересиран за Погба

Младиот играч на Јувентус Пол Погба, е мета на половина тимови од Европа, а на таа половина и се придружи и Реал Мадрид.

Карло Анчелоти, менаџерот на Реал Мадрид, потврди дека тие се заинтересирани за неговите услуги.

– Тој е многу добар фудбалер, има одлична иднина пред себе. Моментално е во голем клуб и игра добро. Да го доведеме? Зошто да не. Тој е еден од најдобрите млади играчи за врска – го пофали Анчелоти.

Погба во Јувентус пристигна во 2012 година од Манчестер Јунајтед, а оваа сезона пропушти само еден натпревар со Јувентас иако има само 20 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top