| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто е одлично да спиете голи

Покрај тоа што ќе се чувствувате поопуштено и nпослободно ако не носите пижами, постојат уште неколку многу добри причини зошто е добро да се спие гол.

Добро е за интимнитеделови

Џенифер Ланда, автор на книгата „Решение за сексуалниот нагон кај жените“, тврди дека спиењето без гаќи е поздраво за вагината. Бактериските инфекции се нормална појава, но топлата средина може да ја направи ситуацијата полоша. Затоа, препорачува, спиење без долна облека

Ќе спиете подобро

„Поздраво е да се спие во поладна соба“, вели Лиза Шивс од Националната фондација на спиење. Телесната температура при спиење постепено се намалува, што е нормално и природно, а пижамите и дебелите ќебиња можат да го нарушат тоа.

Ќе бидете попривлечни

Наташа Тарнер, автор на книгата „Хормонска диета“, објаснува зошто не е добро телото да е претопло додека спиете. Може да се појават нерегуларности при ослободувањето на мелатонин и хормонот за раст, кои се најважните хормони за забавување на процесот на стареење. Како што температурата на телото опаѓа, хормонот за раст се ослободува што придонесува за прекрасен изглед на кожата и косата.

Ќе исчезнат наслагите на стомакот

Ако спиете голи, ќе спиете поцврсто. Тоа овозможува опаѓање на нивото на кортизол, поточно хормонот на стресот, и одржување на нивото на енергија и гладта под контрола.

Ќе имате поголема самодоверба

Чувството на ладна постелнина врз кожата може да биде многу секси, а ако се чувствувате секси, се зголемува вашата самодоверба .

Подобар секс

Спиењето без облека е добро за врската. Взаемното допирање на кожата го зголемува хормонот окситоцин, кој е одговорен за чувството на вљубеност. „Спиењето потполно голи ве поттикнува на секс, сексуалните фантазии, но и авантури се подобри, а врските во кои има многу секс се посреќни и поуспешни“, вели Ланда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top