| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ ја достави кандидатурата на Ѓорге Иванов до ДИК

ѓорге

ВМРО-ДПМНЕ ја достави кандидатурата на Ѓорѓе Иванов за нов претседателски мандат до Државната изборна комисија.

Вчера до ДИК своите 10.000 потписи заедно со кандидатурата за Зоран Поповски ја достави и партијата ГРОМ. Во текот на денешниот ден официјално своето учество на претседателските избори со поднесување кандидатура до ДИК трба да го потврди и ДПА. Според информациите од партијата, потписите за Илијаз Халими до централата во ДИК ќе бидат доставени до 13 часот.

Сѐ уште нема информации  кога СДСМ ќе ја достави кандидатурата за Стево Пендаровски. Според процедурата, ДИК сега треба да ги обработи списоците и да ја провери автентичноста на потписите.

Последниот рок за доставување кандидатури истекува утре на полноќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top